Области на работа

Биографија

Ана Хаџиева Ангеловска е адвокат и работи во адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска од 2015 година. Нејзиното претходно искуство вклучува пет-годишно работење како адвокат во адвокатско друштво од Скопје, како и тригодишно искуство како Раководител на Одделот за правни работи во производствена компанија од областа на металургијата.
Нејзината експертиза вклучува советување на клиентите во прашања од областа на корпоративното, трговско и облигационото право, работа на проекти за домашни и странски клиенти во врска со подготовка на due diligence извештаи, како и правни совети, анализи и мислења согласно барањата на клиентите, а особено во врска корпоративни трансакции, спојувања и превземања, реструктуирање и финансирање.

Ана Хаџиева Ангеловска
Адвокат

Контакт телефон: +389 2 3215 471
Е-mail адреса: hadzieva-angelovska@ddklaw.com.mk