Области на работа

Биографија

Димитар Алексов е соработник кој стана дел од Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска во 2017 година. Дипломираше на Правниот Факултет Јустинијан Први – Скопје во 2012 година, и се стегна со звањето Магистер од областа на казненото материјално право во 2014 година, со одбрана на магистерската тема – Криминалната политика – de lege lata и современи тенденции. По завршувањето на формалното образование, во 2015 година го положи правосудниот испит. Има претходно работно искуство во адвокатски канцеларии во Македонија во областите кривично право, корпоративно право, административни постапки и состав на договори и правни мислења од различни области. Во Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска работи со домашни и странски клиенти при обезбедување на правни услуги и поддршка согласно потребите кои произлегуваат од секојдневното работење на клиентите. Негови главни области на работа се кривичното право, административни постапки и корпоративно право.

Димитар Алексов
Соработник

Контакт телефон: +389 2 3215 471
Е-mail адреса: associate1@ddklaw.com.mk