Области на работа

Биографија

Владимир Бошњаковски е соработник во Адвокатското друштво ДДК од средината на 2016 година. Во 2012 година дипломирал на Правниот Факултет Јустинијан Први во Скопје. На истиот факултет, на катедрата за Меѓународно Право, магистрирал со труд во областа на меѓународно-правниот систем за заштита на странските инвестиции.

За време на студиите учествувал во повеќе меѓународни натпревари и конференции во областа на правото, како на пример престижниот натпревар во меѓународна трговска арбитража Willem C. Vis International Commercial Arbitration Moot и регионаленот натпревар за просторот на поранешна Јуславија во овластана Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во тој период, бил и член на извршниот одбор на претставништвото на European Law Students Association (ELSA) во Македонија. Како признание за академските и општествени достигнувања во 2013 доделена му е стипендија од германската фондација Konrad Adenauer Stiftung. Во периодот 01.03.2017 до 31.07.2017 бил учесник на Меѓународната Програма на Германскиот Бундестаг (IPS), каде што работел во кабинетот на кординаторот на една од пратеничките групи.

Своето досегашно професионално искуство го градел во адвокатско друштво во Скопје, во Стопанската Комора на Македонија и во Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата. Има одлучни познвања од англискиот (TOEFL) и германскиот јазик (TestDAF) и има добро познавања од рускиот јазик.

Владимир Бошњаковски
Соработник

Контакт телефон: +389 2 3215 471
Е-mail адреса: associate9@ddklaw.com.mk