Македонија Вработува II

Владиниот проект за намалување на невработеноста кој заврши заклучно со Април 2016 година, сега ќе биде повторен под истото име “Македонија Вработува”. Проектот ќе вклучува директна помош од страна на Владата за бизнис секторот на кој му се потребни дополнителни работници а нема доволно ресурски за да го финансира. Бизнисите кои би се пријавиле на проектот би можеле да вработат невработени индивидуи за кои ќе немаат обврска да исплаќаат придонеси од работен однос. Единствената обврска на работодавачот е да не го намали бројот на вработени за определен период на време од употребата на бенефитите на проектот. Статистиката покажа дека Македонија Вработува е успешен проект што ја има редуцирано невработеноста и помогна за полесно проширување на бизнисот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *