Награда 2016 TrustLaw Collaboration

Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска – дел од правниот тим кој ја освои наградата 2016 TrustLaw Collaboration на Фондацијата Thomson Reuters за исклучителен pro bono проект.

Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска беа поканети од Фондацијата Thomson Reuters, во име на Меѓународната Комисија за Спасување (IRC), да учествуваат како локален правен советник во pro bono проект за советување за гранична контрола, азил и населување и релокација на бегалци во Европа во однос на Сириската бегалска криза. На кратно, проектот инволвираше помош на IRC во нејзината работа да одговори на Европската бегалска криза. IRC бараше правна помош при истражувањето на меѓународното, регионалното и националното право поврзано со контрола на границите, азил и населување и релокација во Европа.

Покривајќи 12 јурисдикции правниот тим кој што беше воден од меѓународната правна фирма Latham & Watkins во соработка со адвокати од Австрија, Хрватска, Македонија, Србија и Словенија, како и Lex Specialis и Британскиот Институт за Меѓународно и Компаративно Право, произведоа 42 меморандуми со совети во очи на средбата на Европскиот Совет од 17 Март 2016. ДДК партнерот Драган Дамески, заедно со Ведран Лалич, го водеше македонскиот тим кој подготви итен и високо-приоритетен локален правен инпут. Истражувањата и анализите на правниот тим и помогнаа на IRC кога таа правеше предлози за маките на бегалците во ЕУ и Турција, во врска со Самитит меѓу ЕУ и Турција и преговорите за бегалската криза.

Проектот ја освои наградата TrustLaw Collaboration 2016.

„Наградата Collaboration е признание за проекти кои покажуваат високо ефективни работни односи меѓу правни тимови, невладини организации и социјални претприемници, кои како резултат на тоа драматично го зголемиле потенцијалниот импакт на проектите.“

ДДК е горда затоа што е дел од правниот тим кој ја понуди својата експертиза и ресурси на IRC, и во исто време ја доби наградата Collaboration на 2016 TrustLaw Awards, а како признание за нејзините pro bono напори и работа во име на IRC, глобална хуманитарна организиација која има дадено круцијална подршка на повеќе од 3 милиони сириски бегалци и раселени лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *