Privacy Policy

Политика за приватност

 

Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска Скопјекое се идентификува со веб-страната: www.ddklaw.com.mkе посветенo на заштитатa и почитувањето на вашата приватност.

Оваа политика за приватност ја поставува основата на која ние ќе обработуваме лични податоци до кои може да дојдеме за Вас како посетител на нашата веб-страница или нашите простории или контакт со било кој нашите соработници, добавувачи или други деловни партнери. Затоа ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика за приватност.

1             Податоците што ги собираме за вас

1.1             Следните Ваши податоци можеме да ги собереме и обработиме:

1.1.1             Податоците што Вие ни ги давате на располагање: Ова се податоци за вас што вие ни ги давате преку:

  • пополнување на формулари на нашата веб-страница (или други формулари што ве замолуваме да ги комплетирате);
  • давање на визит-карта (или слично); или
  • одговарање на нашата кореспонденција преку телефон, пошта, електронска пошта или на друг начин.

1.1.2             Овие податоци може да вклучуваат, на пример, вашето име и презиме, адреса, е-пошта и телефонски број; податоци за вашиот деловен однос со Синлаб; и податоци за вашата професионална улога, позадина и интереси.

1.2             Податоците што нашата веб-страница и останатите системи ги собираат за вас:

1.2.1             Ако ја посетите нашата веб-страница, таа автоматски собира некои податоци за вас и вашата посета, вклучувајќи ја адресата на интернет протокол (IP) што се користи за поврзување на вашиот уред со интернет и некои други податоци, како што се типот на вашиот прелистувач и верзијата и страниците на нашата веб-страница што ја посетувате.

1.2.2             Нашата веб-страница, исто така, може да симне „колачиња” на вашиот уред – ова е опишано во нашата одделна политика за колачиња.

1.3             Други податоци: Исто така, понекогаш собираме податоци од други извори. Како на пример:

1.3.1             Доколку имаме деловен однос со организацијата што ја претставувате, вашите колеги или други деловни контакти може да ни дадат податоци за вас, како што се вашите контакт детали или детали за вашата улога во деловниот однос.

1.3.2             Понекогаш собираме податоци од надворешни провајдери на податоци или јавно достапни извори за спречување на перење пари, проверка на потекло и слични намени и за заштита на нашиот бизнис и усогласување со нашите законски и регулаторни обврски.

 

2             Како ги користиме вашите податоци

2.1             вашите лични податоци можеме да ги користиме за следните цели:

2.1.1             заради усогласување со законски и регулаторни обврски кои се применуваат на нас;

2.1.2             заради правна заштита и бранење на Вашите со закон засновани права и интереси;

2.1.3             преработка, администрирање и подобрување на нашата веб-страница и простории и други аспекти на начинот на кој ги спроведуваме нашите операции;

2.1.4             за управување, развивање и унапредување на нашето работење и, особено, нашиот однос со организацијата што ја претставувате (доколку претставувате таква) и трансакциите поврзани со ова; и

2.1.5             за заштита на нашиот бизнис од измама, перење пари, прекршување на довербата, сајбер-напад, кражба на патентирани материјали и други финансиски или деловни криминали.

2.2             Oд време на време може да ги разгледаме податоците за вас што се чуваат во нашите системи – вклучувајќи ја и содржината на и други информации поврзани со вашата електронска пошта и другите комуникации со нас – за целите на усогласеност и заштита на бизнисот како што е опишано погоре.

2.2.1             Ова може да вклучува прегледи со цел откривање на податоци релевантни за судски постапки и/или прегледи на евиденцијата релевантна за внатрешни или надворешни регулаторни или кривични истраги.

2.2.2             До степен дозволив со постоечките закони, овие прегледи ќе се спроведуваат на разумен и пропорционален начин и ќе бидат одобрени на соодветно ниво на управување. Тие во крајна линија може да вклучат давање на користење на вашите податоци до владините агенции и договорни страни во судски постапки како што е опишано подолу.

2.3             Вашите лични податоци ќе ги обработиме само до потребниот степен со цел да можеме да ги исполниме целите опишани погоре, а потоа само таму каде што ќе процениме дека нашата обработка нема да ви наштети на Вас или на Вашата приватност на начин кој ќе го надмине нашиот легитимен интерес во спроведувањето на тие цели.

2.4             Во исклучителни околности, може да се побара од нас со закон да ги откриеме или на друг начин да ги обработиме вашите лични податоци. Во тој слуачј, ќе бидете информирани дали обезбедувањето на бараните информации е неопходно за почитување на законска обврска или, од друга страна, тоа е чисто доброволно и нема да има никакви импликации ако одбиете да ги обезбедите податоците. Во секој случај, имајте како претпоставка дека податоците ни се потребни за цели на нашето деловно работење или за целите на сообразност (како што е опишано погоре).

2.5             Доколку не сте сигурни дали ДДК има потреба од податоците што ги бараме од вас, ве молиме контактирајте го вработеното лице во ДДК кое бара да му ги дадете податоците или контактирајте со нас (видете подолу во делот „Контакт”) во врска со вашето прашање.

 

3             Давање на користење и меѓународен транфер на вашите податоци

3.1             Вашите лични податоци можеме да ги дадеме на користење само доколку сме добиле ваша согласност за истото или онаму каде што е разумно неопходно за остварување на некоја од целите наведени погоре во делот „Како ги користиме Вашите податоци”:

3.1.1             на останатите членови на групацијата компании Синлаб;

3.1.2             на вашите колеги во рамките на организацијата што ја претставувате;

3.1.3             на давателите на услуги кои ја поставуваат на нашата веб-страница или други системи за информатичка технологија кои на друг начин ги чуваат или обработуваат Вашите информации во наше име под строги услови на доверливост и сигурност;

3.1.4             на лице кое ги презема нашите бизниси и имоти, или релевантни делови од нив; или

3.1.5             во исклучителни околности:

3.1.5.1             до надлежни регулаторни, обвинителни и други државни органи или страни во судски постапки, во која било земја или територија; или

3.1.5.2             каде откривањето на податоци се бара од нас по закон.

3.2             Користењето на Вашите лични податоци од точка 3.1погоре може да вклучи и пренесување на вашите лични податоци во странство, во земји од ЕЕЗ и надвор од неа (како што е САД) или други земји. Во таков случај, посветуваме максимално внимание преносот да е регулиран со договори или безбедносни механизми за пренос на податоци, дизајнирани со цел да се осигура дека вашите лични податоци се заштитени (вклучувајќи, каде што е соодветно, во согласност со условите одобрени за оваа цел од страна на Европската комисија).

3.3             Ве молиме контактирајте нѐ(видете подолу во делот „Контакт”) доколку сакате да знаете дали се вршат вакви преноси и доколку постојат, да видите копија од договорите опишани во точка 3.2.

4             Чување и уништување на вашите податоци

4.1             Вашите лични податоци ги чуваме точни и ажурирани. кога веќе нема да ни бидат потребни, податоците што ги имаме за вас се уништуваат.

4.2             Вашите лични податоци, во зависност од нивната природа и цел на обрабокта, се чуваат во огласност со Политиката за чување на лични податоци. Доколку сакате да дознаете повеќе во врска со ова, контактирајте нѐза повеќе информации.

4.3             Имајте предвид дека можеме да задржиме некои податоци за вас, дури и откако ќе дознаеме дека сте ја напуштиле организацијата што ја претставувате, за да можеме да одржуваме континуиран контакт со вас, доколку и кога повторно ќе стапиме во контакт со вас, како претставник на друга организација.

 

5             Вашите права

5.1             Имате право на пристап до личните податоци што ги имаме за вас, како и до некои други поврзани податоци, согласно законот за заштита на личните податоци. Исто така, можете да побарате неточните лични податоци да бидат коригирани или избришани.

5.2             Во секое време можете да се приговарате на нашата употреба на вашите лични податоци и имате право да приговарате на нашата обработка на некои или на сите ваши лични податоци (и да барате истите да бидат избришани) во некои определени околности.

5.3             Во некои околности, исто така, имате право на „преносливост на податоци” да побарате од нас да ги пренесеме вашите лични податоци на вас или на нов давател на услуги.

5.4             Доколку сакате да остварите некое од горенаведените права, Ве молиме контактирајте нѐ(видете подолу во делот „Контакт”).

5.5             Исто така, можете да поднесете поплака за нашата обработка на вашите лични податоци до Дирекцијата за заштита на лични податоци (повеќе информации во врска со ова можете да најдете на следниот линк: https://dzlp.mk/kontakt).

6             Контакт

6.1             Вашите прашања, коментари и барања во врска со оваа Политика за приватност и нашата обработка на лични податоци се добредојдени.

6.2             Ве молиме пратете е-пошта на нашиот Офицер за заштита на податоци ilieva@ddklaw.com.mk.

7             Завршни одредби

7.1             Сите измени што ќе ги направиме на оваа Политика за приватност ќе бидат објавени на нашата веб-страница (www.ddklaw.com.mk) и ќе Ви бидат достапни доколку нѐконтактирате на:

Е-маил: ilieva@ddklaw.com.mk

Адреса: Мирче Ацев бр.2/3кат

Телефон: 0 2 3215471

7.2             Оваа Политика за приватност последно е ревидирана на 01.03.2018 година, а ќе се ревидира на годишно ниво.

За

Адвокатско друштво

Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска,

 

 


Драган Дамески

основач/сопственик