Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска ја претставува генерацијата на македонски адвокати кои што воведуваат свежа перспектива и иновативен дух во пристапот кон правните практики. ДДК е full-service адвокатска фирма, посветена на воспоставување и градење на односите со клиентите врз основа на доверба, лојалност, знаење и динамична способност.

Посветеноста кон работата е конзистентна со нашиот фокусиран пристап и детално внимание за правните потреби на клиентите. Градењето на партнерство со нашите клиенти е принципот на ДДК кој што ја прави разликата на конкурентниот пазар на правни услуги. Нашиот успех е нераскинливо поврзан со успехот на нашиот партнер.

ДДК е основано во 2003 година, како прво Адвокатско друштво во Република Македонија. Врз основа на принципите на личен и професионален интегритет, партнерство и специјализирани правни услуги, го создадовме ДДК со цел да биде водечко адвокатско друштво, со највисоки стандарди во практикувањето на правото.

Работата на ДДК ја карактеризира професионалност, ја одликува ефикасност, а ја стимулира тимската работа. Целта е да се испорача правен перфекционизам до нашиот клиент. Квалитетот во работата на ДДК е рефлексија на квалитетот на нашите адвокати, на нивната достапност, доверливост, како и на нивната ефективност. Адвокатите во ДДК имаат извонредно академско оразование, со цврста посветеност кон правна совршеност. Таа страст за совршеност за нас делува како позитивен полнеж во сè што правиме.

За нас просечноста не е опција. Оттука и нашата фокусираност кон клиентот: Ние слушаме. И слушаме упорно… Разбирањето на потребите на клиентот е толку важно како и разбирањето на законите. Ги слушаме нашите клиенти за да го разбереме нивниот бизнис, нивните потреби и нивните очекувања.

Секој клиент е уникатен и секој предмет е случај за себе. Мултидисциплинарниот пристап ни овозможува на нашите клиентите да им ја дадеме предноста на тежината на сервисот на голема адвокатска фирма, истовремено дизајниран со страста на кројач и персонализирана како услуга по мерка. Креирајќи стратегии прилагодени за точните потреби на клиентот, чувството за уникатните потреби на нашите клиенти ни дозволува секогаш да ги надминуваме нивните очекувања и постојано да ги креваме сопствените стандарди.

Ние во ДДК ги поттикнуваме иновативноста, креативноста и храброста во потрагата по оптимални решенија за нашиот клиент. Го охрабруваме свежиот пристап кон решавање на проблемите. На нашиот креативен процес гледаме како на сопствена инвестиција во односот со клиентите.


The Legal 500 - The Clients Guide to Law Firms

Водечко Адвокатско Друштво

 

 iflr1000-logo
Водечко Адвокатско Друштво
во Енергетика и Инфраструктура

Водечко Адвокатско Друштво
во Финансово и Корпоративно право

 

chamber-partners

Водечко Адвокатско Друштво
во Корпоративно и Стопанско право