СОРАБОТКА

Принципите и стандардите кои ДДК Адвокатско Друштво ги практикува во своето секојдневно работење, се основата и точките на спојување за соработка со бројни соработници на регионално и интернационално ниво.

Делејќи ги заeдничките вредности како што се високо квалитетна правна услуга, поврзаноста во традицијата, јазикот и културата, заедно со внимателно одбрани водечки адвокатски компании од просторот на поранешна Југославија (Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора) создадовме блиска меѓусебна соработка, еден тим TopTier Legal Adriatic (TLA). ТЛА е посветена на заедничката цел – поврзувајќи го знаењето, искуството и експертизата на повеќе од 140 адвокати во 26 области на правото да им се понуди високо квалитетни, навремени и ефикасни правни услуги на клиентите во најразлични повеќенационални проекти. ТЛА е препознаена како една од водечките алијанси на соработници во Европа и од страна на независниот истражувач на адвокати и адвокатски компании Chambers and Partners.

ДДК Адвокатско Друштво е дел од International Bar Association (IBA) каде активно учествува и допринесува за унапредување на адвокатската професија на глобално ниво. Членови сме во советот на Европскиот Форум, комисијата за управување со адвокатски друштва, комисијата за работни односи и комисијата за решавање спорови (парница-арбитража) при ИБА.

Дел сме и од Union de Internationalе des Advocates (UIA) каде исто така активно учествуваме и допринесуваме за унапредување на адвокатската професија на глобално ниво.

Share this: