БИОГРАФИЈА

Драган Дамески е еден од основачите и е раководител на секторот за странски инвестиции во адвокатското друштво ДДК. Првенствено, тој работи за странски клиенти и е ангажиран како правен советник во практично сите важни проекти во Македонија, особено во секторите енергетика, пазари на капитал и недвижности. Г-дин Дамески е член на Адвокатската Комора на Македонија, на Комората на Медијатори, на Меѓународното здружение на правници (UIA) и на Меѓународната адвокатска комора (IBA). Негови области на експертиза вклучуваат спојувања и преземања, странски инвестиции, недвижности, енергетика, хартии од вредност и финансии.