БИОГРАФИЈА

Елеонора Мишевска стана дел од тимот на Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска во октомври 2020 година. По завршувањето на додипломските студии при Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје, го продолжи своето образование на постдипломски студии по деловно право, со што во мај 2021 година се здоби со титулата Магистер по правни науки од областа на деловното право. Нејзиното искуство се сведува на работата во Адвокатско друштво Дебарлиев Дамески и Ќелешовска, главно во областа на корпоративно право.