Бобан Мицевски е дел од тимот на Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска од октомври 2025 година.

Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а магистерските студии ги завршил во областа на кривичното право, стекнувајќи се со звање Магистер по кривично право.

Во својата работа е ангажиран првенствено во областа на корпоративното право, обезбедувајќи правна поддршка и советување за домашни и странски клиенти во врска со нивното секојдневно деловно работење. Учествува во подготовка и анализа на правна документација, како и во обезбедување правни решенија прилагодени на потребите на клиентите.

Се наоѓа во завршната фаза од приправничкиот стаж и е посветен на континуирано професионално усовршување и развој во адвокатската професија.

Share this: