Милена Вачкова се приклучи на Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска во 2018 година, а од 2021 година е член на Адвокатската комора на Македонија. Нејзиното претходно искуство вклучува работа во две адвокатски друштва во Скопје во областа на корпоративното право. Во ДДК, таа е фокусирана на советување на домашни и странски клиенти во поглед на нивните секојдневни бизнис прашања, со посебен акцент на ревидирање на договорите за закуп, усогласување на субјектите во поглед на заштитата на лични податоци, како и заштитата на трговските марки како дел од индустриската сопственост.

Share this: