Ема Димитриеска дипломирала во 2008 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe, а магистрирала кривично право на истиот универзитет во 2011 година.
Ема е дел од адвокатското друштво „Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска“ од 2012 година. Во 2015 година станала членка на Адвокатската комора на Македонија и оттогаш активно работи како адвокат. Нејзиното претходно искуство вклучува работа во Основниот суд Скопјe 1.
Ема работи со домашни и странски клиенти, обезбедувајќи правни совети и поддршка во согласност со потребите што произлегуваат од секојдневното работење на клиентите, како и од корпоративни правни прашања, олеснувајќи го нивниот влез и експанзија на македонскиот пазар. Нејзина област на експертиза се трудово право, судски спорови, недвижности, јавни набавки и јавно-приватно партнерство, како и процедури за регулирање на режимот на трудот за странци.
Таа е една од водечките адвокати во DDK ангажирана во прашања поврзани со развој на проекти, проекти поврзани со недвижности и има богато искуство во длабинска анализа на недвижности, регулаторни барања за планирање и издавање дозволи и трансакции со недвижности.
Нејзините висококвалитетни услуги се препознаени од сведоштва на клиенти, врз основа на кои Ема е оценета како адвокат во подем во областа на развој на проекти од страна на IFLR1000.
Области на работа
- КОРПОРАТИВНО, СПОЈУВАЊА И ПРЕЗЕМАЊА
- ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
- РЕГУЛАТОРНИ ПРАШАЊА И АДМИНИСТРАЦИЈА
- НЕДВИЖНОСТИ И ГРАДЕЖНИШТВО
- РАБОТНИ ОДНОСИ