DDK Вработува

Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА објавува оглас за вработување на следниве позиции:

ПОСТАР АДВОКАТ

Потребни квалификации:

  • Завршен Правен факултет;
  • Положен правосуден испит;
  • Најмалку 5 години работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија;
  • Активно познавање на Англискиот јазик;
  • Познавање и на Германски јазик се смета за предност;
  • Напредна работа со компјутер и MS Office.

Потребно работно искуство во следниве области:

  • изготвување на писмени правни мислења и давање на правни консултации од област на трговско, корпоративно, финансиско, стопанско и деловно право;
  • водење или координирање на проекти од област на трговско, корпоративно, финансиско, стопанско и деловно право;
  • длабинска анализа на компании (legal due diligence);
  • практично познавање на материјалните прописи од областа на заштита на конкуренција, заштита на лични податоци, електронски комуникации, трговски друштва, хартии од вредност, финансирање, енергетика, даночно, граѓанско, стопанско, работно, стечајно и друго сродно право;
  • изготување на акти и документи за сите погоренавдени проекти и правни области;
  • редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
  • самостојно, стручно и професионално постапување по горенаведените точки.

Плата по договор.

АДВОКАТ

Потребни квалификации:

  • Завршен Правен факултет;
  • Положен правосуден испит;
  • Работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија;
  • Активно познавање на Англискиот јазик;
  • Познавање и на Германски јазик се смета за предност;
  • Напредна работа со компјутер и MS Office;

Потребно работно искуство во следниве области:

  • изготвување на писмени правни мислења и давање на правни консултации од област на трговско, корпоративно, финансиско, стопанско и деловно право;
  • водење или координирање на проекти од област на трговско, корпоративно, финансиско, стопанско и деловно право;
  • длабинска анализа на компании (legal due diligence);
  • практично познавање на материјалните прописи од областа на заштита на конкуренција, заштита на лични податоци, електронски комуникации, трговски друштва, хартии од вредност, финансирање, енергетика, даночно, граѓанско, стопанско, работно, стечајно и друго сродно право;
  • изготување на акти и документи за сите погоренавдени проекти и правни области;
  • редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
  • самостојно, стручно и професионално постапување по горенаведените точки.

Плата по договор.

АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ

Потребни квалификации:

  • Завршен Правен факултет;
  • Активно познавање на Англискиот јазик; познавање на втор јазик се смета за предност;
  • Напредна работа со компјутер и MS Office.

Плата по договор.

Сите заинтересирани кандидати да достават CV на Македонски и Англиски јазик на е-маил адреса на Адвокатско друштво ДДК: info@ddklaw.com.mk

Ве молиме во Вашето CV наведете практични искуства на конкретни проекти од правните области наведени погоре.

Рок за пријавување е до 12.09.2022 година.

 

 

 

 

Адвокатското друштво ДДК повторно е рангирано како едно од најдобрите адвокатски друштва во Северна Македонија

Објавено на 15.08.2022

Адвокатското друштво ДДК повторно е рангирано како едно од најдобрите адвокатски друштва во Северна Македонија во категоријата „Finance and Banking“ и како едно од водечките адвокатски друштва во категоријата „Project Development“ според рангирањето од страна на IFLR1000 за 2022 година.

Професионализмот, амбициозноста и напорната работа долги години нѐ прави едно од водечките адвокатски друштва во Северна Македонија, препознаени од страна на клиентите, а потврдено преку довербата која ја имаат во ДДК.

IFLR1000 ги истражува и ги рангира најдобрите адвокатски друштва, активни во областите на финансии и корпоративно право, ширум светот, преку вршење на анкети на клиентите за нивното мислење за работата на адвокатските друштва. Горди сме што сме дел од циклусот на истражување на IFLR1000 и што сме препознаени како едно од најдобрите адвокатски друштва во Северна Македонија врз основа на мислењето на нашите клиенти. Не постои поголемо признание за нашата работа од признанието од нашите клиенти.

Повеќе информации за рангирањата на IFLR1000 се достапни на следниот линк: North-Macedonia/Rankings/192#rankings