Maртин Чингоски се приклучи кон тимот на Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска во декември 2023 година. По завршување на додипломски студи на Правниот Факултет Јустинијан Први во Скопје, продолжува на постдипломски студии во областа на кривичното право, стекнувајќи титула магистер по право од областа на казненото право. Во 2018 година го положил правосудниот испит, а во 2020 година станал член на Адвокатска комора на Р. Северна Македонија. Неговиот делокруг на работа се простира главно во областа на граѓанското право.