Со задоволство ја споделуваме деталната програма за нашиот стручен настан „Ефикасни инструменти за обезбедување на побарувања: Поголема сигурност, побрза наплата, подобра ликвидност“, кој ќе се одржи на 6 мај 2026 година во Roof Bar No:55, DoubleTree by Hilton Skopje, во организација на Македонска асоцијација на корпоративни правници и Адвокатско друштво Дебарлиев Дамески и Ќелешоска.
Настанот е првенствено наменет за корпоративни правници, финансиски раководители и менаџери, со фокус на интерните деловни процеси и управувањето со ризик, ликвидност и наплата.
Пријавете се на линкот https://maclevents.mk најдоцна до 4 мај 2026 и обезбедете го Вашето место.

