Адвокатското друштво Дебарлиев Дамески и Ќелешоска и Македонската Асоциција на Корпоративни Правници (МАКП) со задоволство Ве покануваат на стручен настан на тема:
Ефикасни инструменти за обезбедување на побарувања: поголема сигурност, побрза наплата, подобра ликвидност
06 мај 2026 (среда)
12:00 CET
Double Tree by Hilton Хотел, Скопје
Пријавете се на линкотhttps://maclevents.mk најдоцна до 4 мај 2026 и обезбедете го Вашето место.
Напомена: Учеството на конференцијата е бесплатно за сите посетители.
За Настанот
Ова е стручен настан организиран од Адвокатско Друштво ДДК и МАКП, фокусиран на практични решенија за заштита, управување и наплата на побарувања.
Преку два тематски панели, експерти од правниот, банкарскиот и бизнис секторот ќе ги анализираат и традиционалните и современите инструменти – од залози и гаранции до факторинг и осигурување на побарувања.
Настанот има за цел да понуди реални увиди, практични искуства и применливи стратегии кои ќе им помогнат на компаниите да ја подобрат својата ликвидност и да го намалат ризикот при наплата.