15.08.2022

Адвокатското друштво ДДК повторно е рангирано како едно од најдобрите адвокатски друштва во Северна Македонија во категоријата „Finance and Banking“ и како едно од водечките адвокатски друштва во категоријата „Project Development“ според рангирањето од страна на IFLR1000 за 2022 година.

Професионализмот, амбициозноста и напорната работа долги години нѐ прави едно од водечките адвокатски друштва во Северна Македонија, препознаени од страна на клиентите, а потврдено преку довербата која ја имаат во ДДК.

IFLR1000 ги истражува и ги рангира најдобрите адвокатски друштва, активни во областите на финансии и корпоративно право, ширум светот, преку вршење на анкети на клиентите за нивното мислење за работата на адвокатските друштва. Горди сме што сме дел од циклусот на истражување на IFLR1000 и што сме препознаени како едно од најдобрите адвокатски друштва во Северна Македонија врз основа на мислењето на нашите клиенти. Не постои поголемо признание за нашата работа од признанието од нашите клиенти.

Повеќе информации за рангирањата на IFLR1000 се достапни на следниот линк: North-Macedonia/Rankings/192#rankings

Share this: