Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ ДАМЕСКИ ЌЕЛЕШОСКА, поттикнато од потребата за создавање на стручен кадар, заинтересиран за професионално ориентирање во областа на адвокатурата, распишува:
К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДВЕ СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ОД СКОПЈЕ
Се поттикнуваат да аплицираат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:
- имаат запишано зимски семестар од II (втора) година, Постдипломски студии за студиска 2022/23 година
- просечен успех од досегашното студирање да биде најмалку 7.5
- солидно познавање на еден странски јазик
- својата професионална кариера сакаат да ја градат во областа на адвокатурата
Потребни документи:
- копија од индекс со запишан зимски семестар од II (втора) година, Постдипломски студии за студиска 2022/23 година
- кратка биографија
- пријава со образложение за својата мотивираност за конкурсот
Нудиме:
- месечна стипендија во нето износ од 3.000 денари во времетраење, од 10 (десет) месеци т.е една студиска година
- практична поддршка за време на студирањето
- стручно оспособување на вршење на адвокатска дејност
- 6 (шест) месеци стажирање во Адвокатското друштво, по завршување на студиите
Пријавување:
Од 8 до 18 Ноември 2022 година, на следната адреса: Адвокатско друштво Дебарлиев Дамески и Келешоска, ул. Мирче Ацев бр. 2/3 кат, Скопје или на email: info@ddklaw.com.mk
Дополнителни информации на:
02 3136 530 / 3215 471