Елена Тасевска стана дел од Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска во април 2023 година. По завршување на своите магистерски студии во 2021 година, го положи правосудниот испит во 2022 година. Преку нејзиното претходно работно искуство во други адвокатски друштва се стекна со практична правна експертиза, која продолжува да ја усовршува и надградува во ДДК. Елена обезбедува правно советување и поддршка на домашни и странски клиенти, приспособувајќи ги своите услуги на специфичните потреби на нивното работење.
Области на работа
- КОРПОРАТИВНО, СПОЈУВАЊА И ПРЕЗЕМАЊА
- РАБОТНИ ОДНОСИ
- РЕГУЛАТОРНИ ПРАШАЊА И АДМИНИСТРАЦИЈА