Марко Малетиќ стана дел од тимот на Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска во декември 2024 година. По завршувањето на додипломските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во септември 2024 година, се запишува на мастер студии од областа на кривичното право во истата година. Неговото професионално искуство се заснова на работата во Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска, каде што главно се занимава со корпоративно право. Работи со домашни и странски клиенти, обезбедувајќи правен совет и поддршка во согласност со потребите што произлегуваат од нивното секојдневно работење.