-
Развивање, подготвување и спроведување проекти за енергетика
-
Финансирање на проекти од енергетика
-
Договори за обезбедување електрична енергија и склучување договори
-
Одговорност за заштита на животната средина и дозволи
-
Рударство/минерали/метали
-
Регулаторни прашања
-
Обновливи енергии и зелени сертификати
-
Тргување со електрична енергија, нафта и гас и сертификати за емисија на ЦО2
-
Управување со отпад и негова повторна употреба
Неодамнешното искуство вклучува давање совети за:
Застапување на австриско друштво за производство и тргување со електрична енергија во постапка за добивање концесија за води за ИРП (изгради-работи-пренеси) на хидроелектрични централи во Македонија
Застапување на италијански, шпански и германски компании во постапки за основање ветерни и соларни фарми за производство на електрична енергија
Застапување на швајцарско друштво за производство и тргување со електрична енергија во постапка за добивање лиценца за тргување со електрична енергија на македонскиот пазар
Обезбедување сложена правна поддршка на италијанска компанија во врска со прашања поврзани со одговорност за заштита на животната средина, вклучувајќи загадување на почвата, во процесот на преземање друштво со седиште во Македонија
Застапување на една од најголемите групи за снабдување со гориво од Франција, присутна со својата мрежа во повеќе од 26 земји во Европа, за влез и снабдување на македонскиот пазар на горива
Советување на грчка компанија во врска со регулаторни прашања за управување со отпад и доделување лиценци