The investigation and enforcement of the laws concerning vertical agreements and dominant firm conduct…Read More

Employment & Labour Law 2023 – Macedonia
Labour market and labour legislation in general are always a hot topic in terms of improving…Read More
GTDT-Public M&A North Macedonia
According to Macedonian legislation, a company is considered publicly listed if it has been…Read More
COUNTRY UPDATE-Republic of North Macedonia: AML
Money laundering is financial crime with economic effects that…Read More
GLI – Energy 2023
The Republic of North Macedonia, being a candidate country for EU membership…Read More
Private Equity 2022
Given the size and structure of the Macedonian private equity (PE) market…Read More
DDK Вработува
Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА објавува оглас за вработување на следниве позиции:
ПОСТАР АДВОКАТ
Потребни квалификации:
- Завршен Правен факултет;
- Положен правосуден испит;
- Најмалку 5 години работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија;
- Активно познавање на Англискиот јазик;
- Познавање и на Германски јазик се смета за предност;
- Напредна работа со компјутер и MS Office.
Потребно работно искуство во следниве области:
- изготвување на писмени правни мислења и давање на правни консултации од област на трговско, корпоративно, финансиско, стопанско и деловно право;
- водење или координирање на проекти од област на трговско, корпоративно, финансиско, стопанско и деловно право;
- длабинска анализа на компании (legal due diligence);
- практично познавање на материјалните прописи од областа на заштита на конкуренција, заштита на лични податоци, електронски комуникации, трговски друштва, хартии од вредност, финансирање, енергетика, даночно, граѓанско, стопанско, работно, стечајно и друго сродно право;
- изготување на акти и документи за сите погоренавдени проекти и правни области;
- редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
- самостојно, стручно и професионално постапување по горенаведените точки.
Плата по договор.
АДВОКАТ
Потребни квалификации:
- Завршен Правен факултет;
- Положен правосуден испит;
- Работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија;
- Активно познавање на Англискиот јазик;
- Познавање и на Германски јазик се смета за предност;
- Напредна работа со компјутер и MS Office;
Потребно работно искуство во следниве области:
- изготвување на писмени правни мислења и давање на правни консултации од област на трговско, корпоративно, финансиско, стопанско и деловно право;
- водење или координирање на проекти од област на трговско, корпоративно, финансиско, стопанско и деловно право;
- длабинска анализа на компании (legal due diligence);
- практично познавање на материјалните прописи од областа на заштита на конкуренција, заштита на лични податоци, електронски комуникации, трговски друштва, хартии од вредност, финансирање, енергетика, даночно, граѓанско, стопанско, работно, стечајно и друго сродно право;
- изготување на акти и документи за сите погоренавдени проекти и правни области;
- редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
- самостојно, стручно и професионално постапување по горенаведените точки.
Плата по договор.
АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ
Потребни квалификации:
- Завршен Правен факултет;
- Активно познавање на Англискиот јазик; познавање на втор јазик се смета за предност;
- Напредна работа со компјутер и MS Office.
Плата по договор.
Сите заинтересирани кандидати да достават CV на Македонски и Англиски јазик на е-маил адреса на Адвокатско друштво ДДК: info@ddklaw.com.mk
Ве молиме во Вашето CV наведете практични искуства на конкретни проекти од правните области наведени погоре.
Рок за пријавување е до 12.09.2022 година.
Адвокатското друштво ДДК повторно е рангирано како едно од најдобрите адвокатски друштва во Северна Македонија
Објавено на 15.08.2022
Адвокатското друштво ДДК повторно е рангирано како едно од најдобрите адвокатски друштва во Северна Македонија во категоријата „Finance and Banking“ и како едно од водечките адвокатски друштва во категоријата „Project Development“ според рангирањето од страна на IFLR1000 за 2022 година.
Професионализмот, амбициозноста и напорната работа долги години нѐ прави едно од водечките адвокатски друштва во Северна Македонија, препознаени од страна на клиентите, а потврдено преку довербата која ја имаат во ДДК.
IFLR1000 ги истражува и ги рангира најдобрите адвокатски друштва, активни во областите на финансии и корпоративно право, ширум светот, преку вршење на анкети на клиентите за нивното мислење за работата на адвокатските друштва. Горди сме што сме дел од циклусот на истражување на IFLR1000 и што сме препознаени како едно од најдобрите адвокатски друштва во Северна Македонија врз основа на мислењето на нашите клиенти. Не постои поголемо признание за нашата работа од признанието од нашите клиенти.
Повеќе информации за рангирањата на IFLR1000 се достапни на следниот линк: North-Macedonia/Rankings/192#rankings
Донација во спортот
Објавено на 08.08.2022
Генералната рамка за донации и спонзорства во Република Северна Македонија е уредена со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, каде што главната и основната цел е подобрување на личниот и заедничкиот живот на граѓаните, здруженијата на граѓаните и фондациите, како и правните и физичките лица, преку остварување на јавниот интерес, што воедно придонесува за нивната економска благосостојба и социјалната правда. Додека пак дополнителен бенефит кој донаторите и спонзорите го остваруваат се одредени даночни поттикнувања. Остварувањето на јавниот интерес преку донации и начинот на користење на даночни поттикнувања во спортот е посебно регулирана со Законот за спортот, Правилникот за начинот на користење на средствата од даночно поттикнување и Законот за данокот на добивка. Имено, Агенцијата за млади и спорт издава ваучер за користење на средства од даночно ослободување (кое се состои од намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок) на име на одреден спортски субјект, врз основа на кој давателот има право да направи донација на финансиски средства во износ најмногу до износот определен во ваучерот на посебна наменска сметка на тој конкретен спортски субјект. Користењето на правото за намалување на пресметаниот данок на добивка го исклучува правото на даночно поттикнување кај данокот на добивка согласно со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности за дадени донации во спортот. Давателот како даночен обврзник кој го користи ова даночно ослободување може да донира во еден спортски субјект од секој вид спорт. По исклучок давателот може да донира во два спортски субјекти од ист вид на спорт, само доколку https://ddklaw.com.mk/new/wp-admin/post.php?post=6249&action=edit&lang=mk#едниот субјект е националнa спортскa федерациja, a другиот спортски субјект е спортски клуб или активен спортист кој се натпреварува во индивидуален спорт.