Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА е во потрага на колеги кои имаат амбиција професионало да се занимаваат со адвокатура. Како прво адвокатско друштво во Македонија имаме долга историја и широка пракса во сите области на модерната адвокатура и нудиме можност за практично усовршување и развој под менторство на нашите адвокати кои имаат повеќе од 20 години искуство.
За сите оние кои се пронаоѓаат во горенаведеното Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА објавува оглас за вработување на следниве позиции:
ПОСТАР АДВОКАТ
Потребни квалификации:
- Завршен Правен факултет;
- Положен правосуден испит;
- Најмалку 5 години работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија;
- Активно познавање на Англискиот јазик;
- Познавање и на Германски јазик се смета за предност;
- Напредна работа со компјутер и MS Office;
Потребно работно искуство во следниве области:
- изготвување на писмени правни мислења и давање на правни консултации од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
- водење или координирање на проекти од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
- длабинска анализа на компании (legal due diligence);
- практично познавање на материјалните прописи од областа на заштита на конкуренција, заштита на лични податоци, електронски комуникации, трговски друштва, хартии од вредност, финансирање, енергетика, даночно, граѓанско, стопанско, работно, стечајно и друго сродно право;
- изготување на акти и документи за сите погоренавдени проекти и правни области;
- редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
- самостојно, стручно и професионално постапување по горенаведените точки.
Плата по договор (над 45.000 МКД).
АДВОКАТ
Потребни квалификации:
- Завршен Правен факултет;
- Положен правосуден испит;
- Работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија;
- Активно познавање на Англискиот јазик;
- Познавање и на Германски јазик се смета за предност;
- Напредна работа со компјутер и MS Office;
Потребно работно искуство во следниве области:
- учество при изготвување на писмени правни мислења и давање на правни консултации од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
- учество на проекти од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
- учество при длабинска анализа на компании (legal due diligence);
- практично познавање на материјалните прописи од областа на заштита на конкуренција, заштита на лични податоци, електронски комуникации, трговски друштва, хартии од вредност, финансирање, енергетика, даночно, граѓанско, стопанско, работно, стечајно и друго сродно право;
- изготување на акти и документи за сите погоренавдени проекти и правни области;
- редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
- стручно и професионално постапување по горенаведените точки.
Плата по договор (до 45.000 МКД).
АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ
Потребни квалификации:
- Завршен Правен факултет;
- Активно познавање на Англискиот јазик; познавање на втор јазик се смета за предност;
- Напредна работа со компјутер и MS Office;
Плата по договор.
Сите заинтересирани кандидати да достават CV на Македонски и Англиски јазик на е-маил адреса на Адвокатско друштво ДДК: info@ddklaw.com.mk
Ве молиме во Вашето CV наведете практични искуства на конкретни проекти од правните области наведени погоре.
Рок за пријавување е до 30.11.2023 година.