Photo: Vecteezy.com

 

Долго најавуваниот Закон за платежни услуги и платни системи конечно е донесен и објавен во Службен Весник на Република Северна Македонија број 90 на 12 Април 2022 година. Со овој закон пред се се врши усогласување на домашното законодавство со ЕУ Директивата за платежни услуги (2015/2366/ЕЗ) позната како PSD2” директива, како и останати актуелни ЕУ директиви за електронските пари и услуги во платниот промет.

Сo овој закон се либерализира пазарот за платежни услуги преку овозможување на влез на платежни институции, кои не се банки, а кои исто како и банките, ќе извршуваат одделни услуги во платниот промет и издавањето на електронски пари. На македонскиот пазар, скроен по европски терк, ќе може да влезат странски платежни институции кои веќе оперираат на европскиот пазар, но, истовремено ќе поттикне и основање и на домашни платежни институции, што ке ја зајакне конкуренцијата на пазарот и ќе ја зголеми понудата на најразлични иновативни начини на електронско плаќање.

Во поглед на интензивирањето на употребата на електронско плаќање, законот предвидува конкретни правила за засилена автентикација на потрошувачите со цел да се намали ризикот од злоупотреби и измами.

Покрај останатите новитети, законот предвидува нови платежни услуги како што се услуга за иницирање плаќања и услуга за давање информации за платежни сметки. Се зајакнуваат правата на потрошувачите за нивно информирање за условите за користење на услугите. Се регулираат картични платежни шеми, а се ограничуваат меѓубанкарските надоместоци со платежни картички.

Законот стапува на сила на 01.01.2023 година, по што се очекува македонскиот пазар на платежни услуги да се раздвижи со присуство на нови играчи, а со тоа позитивните ефекти да се почуствуваат и на останати бизнис сегменти.

 

 

Share this: