Адвокатското друштво Дебарлиев Дамески и Ќелешоска е основано во 2003 година, како прво адвокатско друштво во Република Македонија, претставувајќи сосема нов концепт на обезбедување на правни услуги кон домашни и странски клиенти.
Покривајќи ги сите области што современата правна практика ги налага, се обидовме и го создадовме друштвото со идеа и цел истото да биде водечко на пазарот, преку испорачувањето на највисоки стандарди кон нашите клиенти.
Во досегашното искуство, нашите услуги беа дадени кон голем број клиенти, правни лица со голема разноликост во поглед на нивната организација и дејност на пазарот.
Нашиот тим вклучува енергични и добро квалификувани адвокати, стручни соработници и приправници коишто низ процесот на посветено работење, го продолжуваат концептот на создавање на специјализирани и квалитетни правни услуги согласно потребите на клиентите.
Квалитетот на нашето работење е одраз на професионалниот пристап на нашиот тим, на нивната достапност и посветеност кон деталите. Она по што сме препознатливи е и нашиот пристап кон поттикнување на креативноста во пронаоѓањето на оптимални решенија, како спој меѓу правото и реалните потреби на клиентите.