Прифаќајќи ја претпоставката дека никој не може да биде еднакво вешт во сите области од правото, ние го создадовме адвокатското друштво ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ & ЌЕЛЕШОСКА со намера да биде водечка бизнис адвокатска компанија во Македонија.

Свесно создадовме адвокатско друштво специјализирано за деловно и корпоративно право за внимателно да го контролираме обемот на работа и квалитетот на работата која јa вршиме.

Ние сме тим на експерти во различни области на деловното и корпоративното право, но сме горди на себе што можеме на секој клиент да му обезбедиме широка низа на правни услуги.

Без разлика дали станува збор за постоечка компанија или новооснована компанија, сигурно наидувате на многу правни прашања и проблеми додека работите. Тука доаѓаме ние и Ви ја нудиме нашата помош. Ние обезбедуваме консултантска и правна помош во сите области од деловното работење.

Share this: