• Почитување на прописите за работни односи

  • Договори за вработување

  • Шеми за стекнување акции, хартии од вредност и права на вработените

  • Регулирање на вработување на странци

  • Прашања поврзани со работни односи на секојдневна основа

  • Решавање на спорови и парнични постапки

  • Преструктурирање и технолошки вишок

Неодамнешното искуство вклучува давање совети за:

Подготовка на нацрт договори за вработување и менаџерски договори и нивно ревидирање

Обезбедување сложени правни совети на компанија од Обединетото Кралство за работнички шеми за стекнување акции, права и други видови програми за погодности за вработените од различни аспекти на правото, како што се работни односи, оданочување и закон за девизно работење

Регулирање на вработување на странски државјани, подготовка на потребната документација, како и спроведување на целосна постапка на сите нивоа на вработување за нашите клиенти во градежната индустрија, животното осигурување и автомобилската индустрија

Застапување на македонска компанија во постапка за спроведување политика на технолошки вишок

Share this: