Софијана Марковска се приклучи на Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска во 2023 година како стручен соработник, м-р во областа на меѓународното право и правото на Европската унија, а од 2025 година е член на Адвокатската комора на Република Северна Македонија (адвокат). Професионалното искуство го стекнала преку работа во адвокатски канцеларии, вклучувајќи и меѓународна пракса, како и преку активен ангажман на настани во областа на меѓународната трговска арбитража. Во рамки на ДДК, нејзината работа е насочена кон правно советување на домашни и странски правни лица во нивното секојдневно работење, со посебен фокус на регулаторни прашања, недвижности, корпоративно работење, спојувања и преземања (M&A) и финансии.
Области на работа
- ПРАВО ЗА НЕДВИЖНОСТИ
- БАНКАРСТВО И ФИНАНСИИ
- РЕГУЛАТОРНИ ПРАШАЊА И АДМИНИСТРАЦИЈА
- КОРПОРАТИВНО, СПОЈУВАЊА И ПРЕЗЕМАЊА