Даноци

  • Данок на добивка
  • Договори за избегнување на двојно оданочување
  • Акцизи и царински давачки
  • Локални даноци
  • Планирање и преструктурирање на даноци
  • Даночна постапка и парнични постапки
  • Структурирање на трансакции

Неодамнешното искуство вклучува давање совети за:

Давање совети на компании во врска со данок на добивка и застапување пред Управата за јавни приходи во управни постапки

Давање совети на странски менаџери ангажирани од локални компании за прашања поврзани со персоналниот данок на доход, избегнување на двојно оданочување, како и можни даночни ризици во врска со постојаните деловни единици

Давање совети на сопственик на американски телевизиски канал за можните даночни последици поврзани со ДДВ, задржување данок и избегнување двојно оданочување во согласност со меѓународните договори за избегнување двојно оданочување, во врска со договори за лиценца/дистрибуција

Советување на германска развојна банка за даночни прашања поврзани со правен третман на ОДА проекти

Давање совети на шпанска финансиска институција за можни даночни последици во врска со структура за прекугранично финансирање

Застапување на позната телекомуникациска компанија во сите видови даночни спорови пред релевантните даночни органи и Управниот суд на Република Македонија

Застапување на локална градежна компанија во даночни спорови пред релевантните даночни органи и Управниот суд на Република Македонија

Давање совети на странска подружница во Македонија за структуирање на трансакција со цел оптимизирање на можностите за даночно олеснување

Share this: